УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЗА АПЛИКАЦИЈАТА ОБУКА.МК

Грижата за клиентите и нивната приватност претставува приоритет во Обука.мк.

Обука.мк e онлајн образовна платформа која овозможува лесно и брзо примање и предавање на знаењето меѓу студентите и менторите.

Секој корисник со користење на апликацијата обука.мк се согласува со овие правила и услови на користење. Правото на користење на апликацијата обука.мк е лично на секој корисник и не е преносливо на друго лице или субјект. Секој корисник е одговорен за податоците кои ги внесува во апликацијата и доверливоста и вистинитоста на истите.

Обука.мк не дозволува користење на сајтот на деца помали од 18 години и таквата употреба е забранета. При употреба на сајтот на деца помали од 18 година, потребен е надзор од родител – старател. Нарачка на едукативните услуги кои што ги нуди интернет платформата може да направи родител-старател за своето дете (под 18 години).

Обука.мк не е одговорна доколку има пречки во достапноста на сервисите кои се надвор од контрола на Обука.мк. Обука.мк си го задржува правото да ја прекине  или привремено да биде ограничен пристапот на услугата на апликацијата доколку се врши реконструкција, модернизација, одржување и во случај на технички пречки или недостатоци на мрежата воопшто или некои дополнителни активности. Крајниот корисник ќе биде информиран навремено во случај на прекин на   апликацијата обука.мк преку информативните канали кои ги користи тимот на Обука.мк.