За Нас

За нас

Платформата obuka.mk претставува нов начин на презентирање на Online обуки преку видео конекции и презентации до кои корисниците имаат пристап 24/7 од било која локација која има пристап до интернет.

Obuka.mk има за цел да го промени начинот на следење и креирање на специјализирани обуки и тренинзи, како и презентирање на одредени вештини преку видео обуки и интеракција. 

Во моментот obuka.mk се концетрира исклучиво само на видео обуки за Информациска сигурност која има за цел да го унапреди знаењето и да ја подигне свеста во користењето со Информатичките средства и управувањето со нивната безбедност како и безбедност на податоците и информациите со кои управуваме.

Нашиот Тим

Филип Симеонов

Експерт за Сајбер Безбедност и основач и лидер на компанијата CPP Services од Скопје. Поседува повеќе типови на специјализирани сертификати за Сајбер Безбедност.

Виктор Војнески

Експерт за Информатички технологии и креатор на платформата ОБУКА.мк, поседува долгогодишно искуство во програмирање, сајбер безбедност и креирање на веб апликации.

Тино Самарџиоски

Офицер за информациска сигурност кој поседува сертификати како ИСО 27001 (Управување со информациска сигурност) менаџер и ИСО 22301 (Управување со деловен континуитет ) имплементатор, како и CEH (Certified Ethical Hacker)

Лука Милинковиќ

Експерт по Сајбер безбедност и ИТ процеси, на позиција од ИТ ревизор во банкарскиот сектор и поседува повеќе типови на сертификати од областа на Сајбер Безбедност.