ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ 

Обука.мк на сите корисници на апликацијата обука.мк им ја гарантира заштитата на лични податоци согласно одредбите на Законот за заштита на лични податоци.

Ги молиме корисниците внимателно да ја прочитаат оваа Политика на приватност, со цел да бидат запознаени како се користат податоците и информации што Обука.мк ги собира од нив. 

Со пристапот или со користењето на оваа апликација, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на апликацијата. Доколку корисникот не се согласува со овие услови, го молиме да не пристапува и да не ја користи оваа апликација. 

СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД КОРИСНИКОТ 

Кога корисникот ќе пристапи и ќе се вклучи кон оваа апликација, од него ќе бидат побарани одредени лични податоци. Ако корисникот не достави некој податок што е задолжителен за одредена активност, нема да може да ја користи оваа апликација. Кога ќе креирате кориснички профил на нашата платформа, вие мора да обезбедите податоци кои што се точни и комплетни во секое време. Непочитувањето на оваа одредба претставува повреда на условите на употреба, што може да резултира со итно бришење на вашиот кориснички профил. Вие сте одговорни за безбедно чување на вашата лозинка која ја користите за да пристапите на вашиот профил на нашата интернет платформа, како и за сите активности или акции превземени од од вашиот профил под вашата лозинка. 

Се согласувате да не ја откривата вашата лозинка на трети лица. Задолжително веднаш треба да не известите кога ќе станете свесни за повреда на безбедноста или неавторизирана употреба на вашиот кориснички профил.

Со самото прифаќање на апликацијата се смета дека корисникот слободно и изречно се согласува со обработката на неговите лични податоци. Кога корисникот ќе ја посети апликацијата, Обука.мк и/или неговите овластени даватели на услуги може автоматски да ги собираат неговите лични податоци, со помош на достапните електронски алатки. 

ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ 

Обука.мк ќе ги обработува и чува вашите лични податоци собрани преку апликацијата во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со останатите важечки прописи во СРМ. Вашите лични податоци нема да бидат неовластено откриени на трети лица. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани. 

Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон.

ОБЈАВУВАЊЕ НА ДРУГИ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ 

Обука.мк може да открие или да сподели други податоци и информации на корисникот со неговите соработници и со поврзаните друштва. На пример, може да ги сподели собраните демографски информации (што не вклучуваат информации што го идентификуваат корисникот) со трети лица, вклучувајќи и агенции за огласување, со цел преку употреба на мрежни ознаки да се обезбедат содржини и услуги за кои корисникот би бил заинтересиран, односно за постојано подобрување на квалитетот на нашите интернет-страници. Појаснуваме дека не се работи за лични податоци на корисникот, туку само за информации за сумирани активности на нашите корисници. 

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИТЕ 

Обука.мк презема мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци на корисниците во согласност со позитивните законски прописи. Со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовлaстено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка во согласност со Законот за заштита на личните податоци. 

Целокупната документација за софтверските програми за обработка на личните податоци и сите негови промени се евидентира и чува во согласност со Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на лични податоци на Дирекцијата за заштита на личните податоци. За да се обезбеди сигурност на личните податоци на корисникот, истите се чуваат на сервер на кој можат да пристапат само лица кои имаат овластување за пристап, при што се врши енкриптирање на одредени чувствителни податоци и информации. 

Сепак, мора да се напомене дека ниту еден пренос на податоци преку Интернет или која било безжична мрежа не може да биде целосно сигурен. Како последица на тоа и покрај тоа што се преземаат разумни мерки за заштита на личните податоци, не може да се гарантира апсолутна заштита на која било информација пренесена на или од нашата апликација. 

Бришење на податоците

Доколку корисникот го контактира тимот на обука.мк за целосно да му се деактивира профилот  за следно користење на апликацијата, ќе биде потребно да креира нов профил.

ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ 

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на оваа апликација. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. На секој корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита евентуалните измени. Продолжувањето на користењето на нашата апликација од страна на корисникот, по влегувањето во сила на таквите измени, подразбира дека корисникот ги прифаќа условите на изменетата Политика на приватност. 

КОНТАКТ 

Доколку имате какви било прашања во врска со заштитата на личните податоци, Ве молиме да ни испрати електронска порака на адресата за заштита на личните податоци contact@obuka.mk.

Водич за заштита на личните податоци во Обука.мк 

  1. Цел на Водичот

Правото на приватност и заштитата на личните податоци на корисниците претставува приоритет за Обука.мк. 

Обука.мк посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за приватност и заштита на личните податоци во Република Северна  Македонија.

Во оваа смисла, важен фактор во функционирањето на Обука.мк е правото на приватност и заштитата на личните податоци на корисниците на производи и услуги, како субјекти на лични податоци. Овој Водич e практична алатка којашто дава појаснување за значењето на термините кои се користат во прописите за заштита на личните податоци. Исто така, Водичот ги разработува начелата за заштита на личните податоци кои задолжително се земаат предвид при секоја обработка на личните податоци на корисниците, им обезбедува на корисниците посеопфатно запознавање со нивните права и ги дефинира клучните обврски на Обука.мк како контролор на збирки на личните податоци, што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци и другите прописи од оваа област. 

  1. Значење и дефиниции на термините употребени во Водичот

2.1. Термини кои произлегуваат од прописите за заштита на личните податоци 

ЛИЧЕН ПОДАТОК е информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува.Лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет. 

Лични податоци се: име и презиме, адреса, датум на раѓање, единствен матичен број на граѓанинот, број на лична карта, фотографија на документи за идентификација, телефонски број, е-маил адреса и др. 

Под ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ се подразбира операција или збир на операции што се изведуваат врз личните податоци на автоматски или друг начин, како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување. Обука.мк врши автоматска, но и рачна обработка на личните податоци. 

СУБЈЕКТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е физичко лице чии лични податоци се обработуваат во Обука.мк. Корисниците2 на производи и услуги на Обука.мк се субјекти на лични податоци. 

КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е физичко или правно лице, орган на државната власт или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци. Обука.мк е контролор на личните податоци. 

ОБРАБОТУВАЧ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е физичко или правно лице или овластен орган на државната власт кој ги обработува личните податоци во име и за сметка на контролорот. 

ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ е лице кое е овластено од контролорот да ја следи имплементацијата на прописите за заштита на личните податоци и да обезбедува усогласеност на работењето со начелата за заштита на личните податоци. 

ПОСЕБНИ КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (чувствителни податоци) се лични податоци кои го откриваат расното или етничко потекло, политичко, верско, филозофско или друго уверување, членството во синдикална организација и податоци што се однесуваат на здравјето на луѓето, вклучувајќи ги и генетските податоци, биометриски податоци или податоци кои се однесуваат на сексуалниот живот. Обука.мк не обработува посебни категории на лични податоци за корисниците.

2.2. Термини што се користат во областа на електронските комуникации 

ТАЈНОСТ И ДОВЕРЛИВОСТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ КОМУНИКАЦИИ – Со Уставот на СРМ се гарантира слободата и неповредливоста на сите облици на комуникација. Доверливоста на комуникациите се однесува на: содржината на електронските комуникации, податоците за комуникциски сообраќај и податоците за локација кои не се податоци за комуникациски сообраќај и фактите и околностите за прекинот на конекцијата или за неуспешните обиди за воспоставување на конекција. Само врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка определена со закон, може да се отстапи од тајноста на електронските комуникации. 

ПОДАТОЦИ ЗА КОРИСНИЦИ се податоците на лицата кои ги користат електронските комуникациски услуги, коишто се собрани со цел да се заснова договорен однос со Обука.мк, вклучувајќи ја подготовката на содржината на истиот или менувањето на таквиот договорен однос. 

ПОДАТОЦИ ЗА КОМУНИКАЦИСКИ СООБРАЌАЈ се податоци кои се однесуваат на реализирањето на електронските комуникациски услуги, кои особено ги вклучуваат: личните податоци за идентификација на корисникот, повикувачки и повикани броеви, идентификациските броеви за користената услуга (телефон и факс) и почеток и крај на повикот. Кога станува збор за податоците за комуникацискиот сообраќај, без оглед на тоа дали се однесуваат за физички или правни лица, овие податоци во секој случај подлежат на тајност на електронските комуникации. 

Обука.мк може да ги чува и обработува податоците за сообраќај што се потребни за наплата на сметки, се до нивното плаќање. По плаќањето на фактурата овие податоци се бришат. Согласно Законот за електронските комуникации, Обука.мк е должен да ги чува необработените податоци за сообраќај за последните 12 месеци. 

ПОДАТОЦИ ЗА ЛОКАЦИЈА се податоци кои ја означуваат географската положба на терминалната опрема на корисникот на електронската комуникациска услуга. Податоците за локација кои се однесуваат на корисникот можат да бидат обработувани само во анонимна форма или,врз основа на претходна согласност на корисникот до оној степен или во времетраење кое е потребно за обезбедување на услуга со додадена вредност.

 Корисникот кој се согласил со обработката на податоците за локација, има можност на едноставен начин и бесплатно, да го откаже понатамошното обработување на овие податоци. Обработката на податоците за локација, без личните податоци може да се пренесе на трети страни кои даваат услуги со додадена вредност. 

Податоците за локација кои се однесуваат на броевите за итни повици, Обука.мк е должен да ги доставува до службата за итни повици на соодветен начин.

  1. Начела за заштита на личните податоци

Културата за почитување на приватноста и грижата кон корисниците се придобивки по кои Обука.мк е препознатлив на пазарот на електронските комуникации. Затоа, при обработката на личните податоци, Обука.мк се раководи од следните начела за заштита на личните податоци: 

  • Да се обработуваат правично и во согласност со закон 

Вообичаено, правичната обработка на личните податоци, подразбира почитување на „начелото на неопходност“ – обработка на податоци во обем кој е неопходен за остварување на конкретна цел. Обработката на личните податоци во согласност со закон подразбира постоење на законска основа и почитување на евентуалните законски ограничувања што произлегуваат од други закони. Податоците кои се обработуваат во Обука.мк врз основа на закон, може да се користат за: 

  • склучување, надзор и престанок на претплатничкиот договор 
  • наплата за услуги 
  • подготовка и издавање на телефонски именици  
  • Да се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и да се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели. 

Обука.мк се раководи од целите и законскиот основ за обработка на податоците. Користењето на производи и услуги не се условува со согласност на корисникот за користење на неговите податоци за други цели, освен за исполнување на правата и обврските што произлегуваат од претплатничкиот договор. 

  • Да се релевантни, соодветни и не во поголем обем во однос на целта што треба да се оствари со нивната обработка (економија на податоци) 

„Начелото за неопходност“ го ограничува обемот на податоци што може да се обработуваат, само на оние што се неопходни за исполнување на целите заради кои се обработуваат. На пример, податокот за брачниот статус на корисникот би бил нерелевантен, несоодветен и преобемен во однос на целта што треба да се постигне со воспоставување на претплатнички однос. Исто така, без оглед на видот на воспоставениот деловен однос, обработката на податокот за националната припадност за корисникот, би била нерелевантна, несоодветна и преобемна. 

  • Да се точни, целосни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за бришење или коригирање на податоците, имајќи ги предвид целите заради кои биле собрани или обработени (квалитет на податоци) 

Ова начело се однесува на квалитетот на податоците, според кое Обука.мк како контролор на личните податоци се грижи за нивната точност. Ажурирањето на податоците значи заменување на податоци, кои некогаш биле точни, со нови податоци или нивно дополнување. Истовремено, корисникот има право да бара да се преземат активности за бришење или корегирање на неговите податоци. 

  • Да се чуваат во форма што овозможува идентификација на корисникот, не подолго од времето што е потребно за исполнување на целта поради која податоците се собрани 

Ова начело го ограничува периодот во кој личните податоци може да бидат законски обработувани, при што по престанување на целта заради која истите се собрани, треба да се избришат или уништат, односно да се анонимизираат. При престанок на претплатничкиот однос, овие податоци мора да се чуваат во период од една година од денот на издавање на последната сметка на претплатникот за обезбедените услуги, а доколку во тој период е издаден налог од страна на надлежен орган за чување и доставување на таквите податоци, во период кој е наведен во налогот на надлежниот орган. 

Се смета дека е постапено согласно начелото за бришење на податоците и во случај доколку се изврши бришење на идентификациските карактеристики на корисниците (анонимизација) или замена на идентификациските карактеристики со други карактеристики (псеводонимизација). Анонимизација и псеводонимизација се вршат на таков начин што идентитетот на корисникот не може да се открие или може да се открие само со неразумно големи напори.

  1. Права на корисниците

Корисниците-субјекти на лични податоци имаат право:  

  • да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци  
  • да пристапат до нивните лични податоци и  
  • да ги дополнат, изменат, избришат или да бараат запирање на користењето на нивните лични податоци

Во продолжение, следува подетално појаснување во однос на овие права:  

  • Во функција на транспарентност, Обука.мк има обврска да го извести корисникот за целите и правната основа на обработката на неговите лични податоци.  
  • Секој корисник има право да пристапи до своите лични податоци. Барањето за пристап до податоците мора да се достави во писмена форма. Обука.мк е должен да одговори на корисникот во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, при што нема обврска повторно да одговори на исто или слично негово барање, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање. Доколку корисникот не добие одговор на барањето за пристап до лични податоци, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци пред Дирекцијата за заштита на личните податоци.  
  • Корисникот има право да бара дополнување, изменување, бришење или запирање на користењето на неговите лични податоци. По барање на корисникот, Обука.мк е должен да ги дополни, измени, избрише или да го запре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност со закон. Независно од тоа дали корисникот има поднесено барање за дополнување, изменување или бришење на личните податоци, доколку Обука.мк утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, должен е истите да ги дополни, измени или избрише. Обука.мк е должен најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето, писмено да го извести субјектот на лични податоци за направените дополнувања, измени или бришења.  
  1. Обврски на Обука.мк

5.1. Обврска на вработените/ангажираните лица за заштита на личните податоци и одржување на тајноста на електронските комуникации 

Вработените/ангажираните лица во Обука.мк при преземањето на нивните работни задачи и обврски:  

  • Се запознаваат со прописите за заштита на личните податоци, како и со донесената документација за технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци.  
  • Своерачно потпишуваат Изјава за тајност и заштита при обработката на личните и податоците за комуникацискиот сообраќаj, како и за доверливост на деловните информации; Со оваа Изјава се обврзуваат дека ќе ги почитуваат начелата за заштита на личните податоци, ќе вршат нивна обработка согласно упатствата добиени од Обука.мк, освен ако со закон поинаку не е уредено и ќе ги чуваат како доверливи личните податоци, како и мерките за нивна заштита. Ваквата изјава важи и по престанокот на нивниот работен однос/ангажман во Обука.мк. 
  • Посетуваат задолжителна обука за заштита на личните податоци.

Обука.мк врши континуирано информирање на вработените/ангажираните лица за непосредните обврски и одговорности за заштита на личните податоци.

5.2. Информирање на корисникот за неговите права 

Обука.мк има обврска да го информира корисникот за:  

  • идентитетот на контролорот;  
  • целите за обработката;  
  • правото на пристап, измена или бришење на личните податоци

5.3. Согласност на корисникот за секоја дополнителна обработка на личните податоци

За секоја дополнителна обработка на податоци, надвор од целите на исполнување на воспоставениот претплатнички однос, Обука.мк обезбедува посебна согласност. Согласноста е слободно и изречно дадена изјава на волја на корисникот со која се согласува да се врши обработка на неговите лични податоци за определена цел. 

Само врз основа на претходно дадена согласност, може да се врши обработка на личните податоци на корисникот, податоците за сообраќај и податоците за локација за цели на директен маркетинг и профилирање (opt-in принцип). 

5.3.1. Што е директен маркетинг 

Секој вид на комуникација остварена на било кој начин со цел испраќање на рекламен, маркетиншки или пропаганден материјал која е насочена директно до идентификуван корисник. 

5.3.2. Што е профилирање 

Обработка на личните податоци на корисникот и податоците за реализиран сообраќај, со цел да биде контактиран за понуди на производи и услуги, соодветни на неговите навики и потреби. 

Корисникот има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече дадената согласност. Согласно Законот за електронските комуникации, електронските е-меил адреси на корисниците на производи или услуги, можат да се користат за директен маркетинг на слични производи или услуги на Обука.мк, со обврска да им се овозможи на корисниците во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства, да го спречат користењето на тие адреси (opt-out принцип). 

5.4. Надворешни лица 

Правните и физички лица кои стапуваат во деловен однос со Обука.мк, врз основа на кој имаат пристап до документација и лични податоци на корисниците на Обука.мк, се обврзуваат на доверливост и заштита на личните податоци со посебни договори за доверливост и за обработка на податоци. 

  1. На кого треба да се обрати корисникот со цел да ги оствари своите права?

Корисникот може да се обрати на Офицерот за заштита на личните податоци во Обука.мк. Офицерот за заштита на лични податоци постапува согласно внатрешните прописи со цел правата на корисникот да бидат остварени на едноставен, брз и ефикасен начин без да се предизвика непотребно одложување или трошоци. Корисникот добива одговор на барањето во рок од 15 дена.

6.1. Која е следната инстанца на која може да се обрати корисникот?

Доколку корисникот не е задоволен од одговорот и информациите дадени од Офицерот за заштита на личните податоци на Обука.мк и доколку смета дека неговите права се повредени, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Дирекцијата за заштита на личните податоци. Заради специфичноста на оваа постапка, Дирекцијата може да одлучи да не ги открие личните податоци на корисникот како подносител на барањето на Обука.мк како спротивна страна.

За повреда на правото на заштита на личните податоци, инспекторот за заштита на личните податоци од Дирекцијата, води постапка и одлучува со решение, кое е конечно, со оглед на тоа дека против истото не може да се изјави жалба.

Во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, може да се поднесе тужба за поведување на управен спор до Управниот суд.