Упатство за користење на платформата за online обуки – https://obuka.mk
- Пристапете до линкот https://obuka.mk преку вашиот интернет прелистувач (Chrome, Firefox, Internet Explorer, Opera).
- Кога ќе ви се појави веб страната на која има копче за најава потребно е да кликнете на копчето “Регистрирајте Профил” со цел да креирате ваш личен профил на платформата.
- По кликањето на копчето за регистрација на профил на платформата ќе ви се појави форма во која треба да внесете ваши лични податоци (погледни слика 2). Во полето за е-пошта потребно е да ја внесете вашата корпоративна емаил адреса, а доколку не поседувате корпоративна емаил адреса, во тој случај ја внесувате емаил адресата која ја користите. Во полето за Корисничко Име внесувате име кое ќе се прикаже во вашиот профил, истото можете да го искористите и за најава на платформата.
- По успешно креирање на профилот на вашата емаил адреса ќе добиете линк за потврда на вашата емаил адреса и внес на лозинка со што следи овозможување на профилот за пристап до платформата.
- По потврдувањето на вашата емаил адреса, можете слободно да се најавите на платформата со вашата емаил адреса и лозинка.
- По успешната најава на платформата ќе ви се појави екранот ‘Мој Профил’ на кој подоле има можност за избор на некоја од обуките (погледни слика 3). За посета на обуката потребно е да кликнете на копчето ‘Види повеќе…’.
- Со кликање на копчето ‘Види повеќе…’ вие добивате пристап до обуката која треба да ја посетите. Откако ќе влезете во обуката потребно е да кликнете на линкот под Модулите за да почнете со слушање на обуката.
- По завршување на обуката потребно е да притиснете на копчето “Mark as completed” по што платформата ќе ве пренасочи на квизот за проверка на знаењето од обуката на кој треба да одговорите на сите прашања со минимум 70% точност со цел да успешно ја завршите обуката и притоа платформата ќе ви издаде сертификат за успешно завршена обука. Доколку не го исполните условот за минимум 70% точно одговорени прашања потребно е повторно да ја ислушате обуката и повторно да го полагате краткиот тест со цел да ја надминете границата од 70%.